Билатерални односи на Република Северна Македонија со Република Грција


На 31 мај 2019 година беа подигнати нивоата на  Канцелариите за врски во двете земји на ниво на Амбасади и Генерални конзулати.


Билатерална договорна рамка: 

Склучени договори предмет на ратификација

1. „Билатерален договор за изградба и управување со нафтовод“

  • склучен  во Атина, на  8 јули 1999 година 

2. „Договор за заштита и одржлив развој на Паркот Преспа“

  • потпишан во Пили, Грција на 02 февруари 2010 година
  • во сила  од 29 мај 2019 година 

3. „Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година, и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните“

  • потпишана во Преспа, Грција на 17 јуни 2018 година
  • во сила од 12 февруари 2019 година

4. „Спогодба меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отварање на еден граничен премин во регионот на Преспанското езеро“

  • потпишана во Скопје на 08.03.2019 година
  • во сила од 22 октомври 2019 година

5. „Спогодба меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден во Реоублика Северна Македонија и Промахи во Република Грција“

  • потпишана во Скопје на 2 април 2019 година
  • во сила од 22 октомври 2019 година 

Договори склучени од поранешна СФРЈ и Грција во сила во односите меѓу двете држави

1. Врз основа на член 12 од Привремената спогодба од 13.09.1995 година и член 18 од Спогодбата од Преспа во односите меѓу двете држави се применуваат следните билатерални договори склучени меѓу СФРЈ и Кралството Грција на 18 јуни 1959г. (рат. И објавени Додаток на “ Сл.лист на ФНРЈ “ бр.6/60):

  • Конвенција  за заемни правни односи,
  • Спогодба во врска со реципрочното признавање и спроведување на судските одлуки и
  • Спогодба за прашања од областа на водостопанството  

2. На 23 јуни 1998 година е склучен Протоколот за гранична соработка со кој двете држави се согласиле во билатералните односи да се применува Спогодбата меѓу ФНРЈ и Кралството Грција за заштита, конзервација и обнова на копнените и водните гранични ознаки на југословенско-грчката граница и за спречување и истражување на гранични инциденти , склучена во Солун на 17 декември 1958 г. (“Додаток на Сл.лист на ФНРЈ” бр.6/1959, во сила од 29.09.1959 година).

Меѓународни договори и документи склучени согласно привремената спогодба 

1. „Привремена спогодба“ 

  • склучена во Њујорк на 13 септември 1995 год.
  • во сила од 13 октомври 1995 година

Забелешка: Вон сила по влегувањето во сила на Спогодба од Преспа од 2018 година

2. „Меморандум за “практичните мерки“ во врска со Привремената спогодба од 13 септември 1995 година“

  • склучен во Скопје, 13 октомври 1995 година
  • влегува во сила :  13 октомври 1995 година

3. „Меморандум за заедничко отворање на Канцеларии за врски согласно Привремената спогодба од 13 септември 1995 година“

  • склучен во Атина, 20 октомври 1995 година
  • влегува во сила : 20 октомври 1995 година

4. „Протокол за заемен визен режим и такси“

  • склучен во Атина, 20 октомври 1995 година
  • влегува во сила : 20 октомври 1995 година

5. „Протокол за транспорт и комуникации“

  • склучен во Атина, 20 октомври 1995 година
  • влегува во сила : 20 октомври 1995 година

6. „Протокол за меѓународни зелени картони за осигурување на возила“

  • склучен во Атина, 20 октомври 1995 година
  • влегува во сила : 20 октомври 1995 година

7. „Протокол за практична примена на царинските работи “

  • склучен во Атина, 20 октомври 1995 година
  • влегува во сила : 20 октомври 1995 година

8. „Протокол со кој се изменува Протоколот за заемен визен режим и таксите“ 

  • склучен во Скопје, 02 февруари 1996 годинa
  • влегува во сила : 02 февруари 1996 годинa

9. „Протокол за гранична соработка“

  • склучен во Атина на 23 јуни 1998 година

10. „Протокол за соработка  меѓу министерствата за внатрешни работи“

  • склучен во Охрид на 8 јули 1998 година.
  • во сила од 7 септември 1998 година.

11. „Договор за  програма за  билатерална  техничка помош “

  • склучен во Атина,7 октомври 1999 година
  • во сила од 7 октомври 1999 година

12. „Меморандум за разбирање на полето на животната средина помеѓу двете држави“ 

  • склучен  во Скопје на 04.09.2000 година
  • во сила од 04.09.2000 година 

13. „Меморандум за меѓусебно отварање на конзуларни, економски и трговски работи во Битола и Солун“

  • потпишан во Скопје,  на 22 јануари 2004 година 

14. „Меморандум за разбирање  помеѓу МНР на двете држави,  страни на  Времената Спогодба,  за соработка во полето на дипломатската обука “

  • потпишан во Скопје на 31 август 2017 година

Договори и документи кои не подлежат на ратификација 

1. „Спогодба за  програмата за петогодишната развојна  соработка за период од  2002 -2006 година меѓу двете држави“ 

  • склучена во Скопје на 31 јули 2002 година 

1.а „Спогодба за измена и продолжување на важноста на Програмата за петогодишната развојна соработка  за период од 2007 -2011 година “

  • склучена со размена на ноти, во Скопје на 5 јуни 2006 година

2. „Програма ( План)  за воена соработка меѓу Министерствата за одбрана за 2017 година“ 

  • потпишана во Атина на 9.11.2016 година
  • во сила со потпишувањето

3. „Договор за воспоставување на железничка мрежа со високи перформанси помеѓу Министерствата за транспорт на земјите од ЈИЕ“

  • потпишан во Солун на 4 мај 2006 година

4. „Протокол за образовна и научна размена помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Универзитетот во Јанина“

  • потпишан во Јанина на 9 јули 2007 година.

5. „Безбедносен договор за размена на воени класифицирани информации“ 

  • склучен во Скопје 10.12.2000година

6. „Меморандум за разбирање помеѓу Министерствата за одбрана“

  • склучен во Скопје 10.12.2000 година

7. „Меморандум за соработка помеѓу Министерствата за здравство“ 

  • склучен во Атина на 08.05.2007година

8. „Меморандум за разбирање помеѓу Дирекцијата за храна  при Министерството за здравство и Министерството за развој “

  • склучен во Атина на 8 мај 2007 година

9. „Меморандум за разбирање меѓу Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ од Охрид и Универзитетот од Пиреја“

  • потпишан во Скопје на 25.04.2016 година

10. „Програма ( План)  за воена соработка меѓу Министерствата за одбрана за 2017 година “

  • потпишана во Атина на 9.11.2016 година
  • во сила со потпишувањето

11. „Меморандум за разбирање меѓу Министерството за информатичко општество и администрација на Република Северна Македонијa и Министерството за дигитална политика, телекомуникации и медиуми на Република Грција за намалување на цените на меѓународниот роаминг и телекомуникациските услуги“

  • склучен во Скопје на 19 февруари 2019 година

12. „Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за цивилно воздухопловство  на Република Северна Македонија и Управата за цивилно воздухопловство на Република Грција“

  • потпишан во Скопје на 1 април 2019 година

13. „Акционен план за засилување и збогатување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, како што е предвидено во Договорот од Преспа“

  • потпишан во Скопје на 2 април 2019 година

14. „Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција за воспоставување на Управувачки комитет за економска соработка“

  • потпишан во Скопје на 2 април 2019 година

15. „Меморандум за соработка меѓу СЕП на Владата на Република Северна Македонија и МНР на Република Грција за забрзување на интегративниот процес на Република Северна Македонија во ЕУ“

  • потпишан во Скопје на 2 април 2019 година 

16. „Меморандум за разбирање за развој на патната и железничката врска Солун-Скопје-Табановце меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција (“патен и железнички проект“)“

  • потпишан во Скопје на 2 април 2019 година
  • во сила од 2 април 2019 година

17. „Меморандум за разбирање и за соработка меѓу Министерството за транспорт и врски на Република Северна Македонија и Министерството за инфраструктура и транспорт на Република Грција“

  • потпишан во Скопје на 2 април 2019 година
  • во сила со потпишувањето

18. „Договор за одбранбена соработка меѓу Министeрството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Република Грција“

  • потпишан во Скопје на 2 април 2019 година 

19. „Технички аранжман меѓу Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и министерството за национална одбрана на Грција за заштита на воздушиот простор FIR Skopje (LWSS)“

  • склучен во Солун на 30 септември 2019 година 

 

Последно ажурирање: 23 ноември 2020